Свадбите се исполнети со емоции кои излегуваат на површина во форма на насмевки, а понекогаш и солзи-радосници.
Реакцијата на младоженец кога ќе ја здогледа својата сакана во невестински фустан ќе ви го стопли срцето. Конер Кортни не можел да си ги задржи солзите кога невестата Хана и нејзиниот татко започнале да чекорат кон него.
Емотивниот момент бил снимен од мајката на Конер и стана интернет хит.
„Му реков на братот на Хана да ми каже кога ќе пристигне таа за да се свртам. Во моментот кога ја видов, се почувствував како да го видов пред себе сиот свој живот“ – изјавил Конер.
За среќниот ден, невестата изјавила: „Сè што можев да правам е да се смеам со најшироката насмевка и да ги ронам најсреќните солзи. Изразот на лицето на Конер направи да се чувствувам како да ќе ми експлодира срцето, затоа што бев исполнета со љубов. Кога се навраќам на тој ден, навистина не сум изненадена од неговата реакција, бидејќи тој ми покажува толку многу љубов секој ден.“