Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Еве како загадениот воздух влијае врз здравјето и развојот на децата

ВИДЕО: Еве како загадениот воздух влијае врз здравјето и развојот на децата

Аерозагадувањето години наназад е загрижувачки проблем кој нè засегнува сите, а сè повеќе граѓани и активисти се залагаат за пронаоѓање на решенија кои ќе помогнат во справувањето со овој „тивок убиец“.

Дете - загаден воздух

Видео на УНИЦЕФ, кое ги покажува последиците од загадениот воздух врз здравјето на децата, ќе ве наежи.

Во него, фокусот е ставен на влијанието на загадениот воздух, кој може да доведе до трајни последици особено кај најмалите чии бели дробови, мозок и имунолошки систем се сè уште во фаза на развој.

ВИДЕО:

Малите честички од загадениот воздух ПМ 2,5 се повеќе од 25 пати помали од ширината на човечкото влакно. Со вдишување на воздухот честичките влегуваат во телото преку носот и устата. Воздухот поминува низ дишните патишта и стигнува до алвеолите, мали воздушни кесички во најдлабоките делови на белите дробови.

Најмалите честички кои влегуваат во белите дробови преку ѕидовите на алвеолите, влегуваат во крвотокот, од каде се пренесуваат до сите органи во телото каде можат да влијаат на нормалното работење.

Најважните погодени ограни се: белите дробови, имунолошкиот систем, срцето и мозокот во фаза на развој.

Брзината со која се развива мозокот е најголема околу раѓањето, но развојот продолжува низ текот на детството и адолесценцијата и игра голема улога во помнењето на детето, задржувањето на вниманието, контрола на емоциите и социјалните интеракции.

Кога ќе се најдат во мозокот на детето кој е сè уште во развој, овие материјали ги оштетуваат мозочните клетки. Резултат: нарушен когнитивен развој, неможност да учи, која може да има трајни последици на благосостојбата и потенцијалот за заработување до крајот на животот и може да се акумулираат, резултирајќи со невродегенеративни болести понатаму во животот.

Освен што може да го оштети мозокот, изложеноста на фетусот на загаден воздух може да го зголеми ризикот да се појават други болести понатаму во животот. Вклучувајќи: мозочен удар, пневмонија, исхемична срцева болест, хронична обструктивна белодробна болест, рак на белите дробови.

Заштитете ги децата од загадувањето на воздухот. Кога загадувањето на воздухот е високо, останете во затворени простории. Ако мора да излезете надовр, носете маска со филтер.

Ако е возможно, инсталирајте филтри на прозорците и прочистувачи на воздухот во домот.

Внесувајте храна и пијалоци кои содржат многу витамин Ц, Е и омега 3 антиоксиданти.

Чист воздух за секое дете!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19699 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.