„Paperman“ е шестминутен анимиран филм на Walt Disney Animation Studios кој е номиниран за Оскар во категоријата Најдобар анимиран краток филм.
Црно-белиот филм кој ја покажува силата на љубовта и хартијата вчера беше објавен онлајн на YouTube. Во него се раскажува љубовна приказна за млад маж кој од својата канцеларија со помош на хартиени авиончиња очајно се обидува да ѝ го привлече вниманието на млада дама која се наоѓа во зграда на спротивната страна на улицата.
Режисер на филмот е Џон Карс. „Paperman“ ги спојува традиционалната анимација (цртање со рака) и компјутерската анимација.