Џенифер Лоренс доживеа мала незгода додека се качуваше на сцената за да ја прими престижната награда Оскар за Најдобра актерка.
Откако беше соопштено дека 22-годишната ѕвезда доби златна статуетка за улогата во филмот „Silver Linings Playbook“, таа се упати кон сцената. Но, раскошната Диор тоалета од колекцијата висока мода ѝ попречи на патот кон Оскарот.


И покрај тоа што падна пред очите на бројната публика, Лоренс се исправи и со широка насмевка застана зад микрофонот за да им се заблагодари на Академијата, инспиративните жени во филмската индустрија, своето семејство и екипата на филмот за кој ја доби наградата.
