На концертот кој го означи крајот на гитарската работилница со Влатко Стефановски во Крушево, беше изведена „Излажи ме уште еднаш“ од Тоше Проески.
Седумдесет гитаристи отсвирија еден од големите хитови на прерано починатиот македонски пејач.
Работилницата се одржа од 24 до 26 јуни во Спомен куќата на Тоше Проески.