Во основното училиште Гоце Делчев беше создадена креативна ВИВА работилница каде децата правеа честитки за 8 Март. И можеби ова немаше да биде вест ако изминатите години не ја заборавевме убавината на добивањето честитка за 8-ми март, наместо подароци.
Креативната ВИВА работилница поттикнува на самостојна изработка на осмо мартовските честитки, со што убавиот гест и честитката добиваат искрени детски чувства и многу поголемо значење. Да не ги заборавиме убавите мали нешта кои носат убави спомени и чувства.