Италија крие прекрасни места кои вреди да се посетат. Островскиот град Бурано е едно од нив.
Живописното гратче познато по колоритните куќарки е оддалечено само 7 километри од Венеција и има само 2.800 жители.
Сите куќарки се во различна боја, па токму поради тоа, овој град е омилен на љубителите на фотографијата и Instagram блогерките.
Секој кој сака да ја промени бојата на куќата мора да испрати барање до владата, која им испраќа информација за бои кои им се дозволени да ги користат.
Бурано е познат и по производството на чипка и по риболовот.
Според легендата, во минатото кога рибарите се враќале дома во магливите денови тие не можеле да ги препознаат своите домови, па оттогаш започнале истите да ги обојуваат во различни бои за да ги распознаваат уште оддалеку.