Алберобело е магично гратче во јужниот дел на Италија. Шармот на малите бело-сиви куќички магнетски ги привлекува туристите, правејќи го ова гратче атрактивна дестинација за патување.
Оваа локација е како излезена од бајка поради слатките градби кои веќе долго време се заштитени од УНЕСКО.
Алберобело денес има околу 11.000 жители.
Уникатните градби датираат од 17 век, кога се градело на ваков начин со цел да се избегне плаќањето на големиот данок. Се користеле само варовни камења и не се употребувало малтер, за жителите да можат брзо и лесно да ги расклопат куќичките кога ќе им биде најавено дека доаѓаат кралските посланици за собирање на данокот.
По нивното заминување, населението повторно ги градело своите домови на истото тоа место.