Почетна » Новости » Занимливости » Бремената Искра Лоренс им возврати на троловите кои ја исмејуваа за тежината по дефилирањето на ревија

Бремената Искра Лоренс им возврати на троловите кои ја исмејуваа за тежината по дефилирањето на ревија

Бремената Искра Лоренс не остана рамнодушна на коментарите за изгледот кои ги доби онлајн по нејзиното појавување на ревија во Мајами.

Искра Лоренс Искра Лоренс

Откако дефилираше во костим за капење, 33-годишниот модел со облини доби лавина коментари во кои интернет корисниците ја исмејуваа за нејзината тежина. Искра, која е во 6-тиот месец од бременоста, сподели фотографии од ревијата заедно со негативните зборови за нејзиното тело.

„Да се нарече таа модел е травестија за оние кои се грижат за себеси и изгледаат убаво.“

„Ужасен пример за младите жени.“

„Ова не е здраво. Извини.“

„Уште едно нешто што не треба да биде нормализирано.“

„Те молам покриј се“ – се само дел од коментарите.

Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс

Заедно со критиките, на фотографиите стои и пораката на Искра во која се вели:

„Замислете на интернет да исмејувате личност која не ја познавате... Која е 6 месеци бремена и дефилира на Модната недела за костими за капење во Мајами, погорда на своето тело од кога било по обидите за зачнување.“

„Најдов два љубезни коментари во стотиците.“

„Но, сакам да им се заблагодарам на овие тролови што беа толку опседнати со мене, што го направија коментирањето на моето големо дебело тело нивен најголем приоритет. Импресивно е што немате ништо поважно за правење. Тоа ме изненади.“

Лоренс вели дека не може да си поверува дека луѓето во денешно време се преокупирани со исмејување на бремени жени.

„Сè уште сум во неверување дека во 2024 година (со сè што се случува во светот) најдоброто нешто за да го поминете вашето време е да исмејувате бремена жена за нејзината тежина“ – стои во описот на постот.

Искра Лоренс Искра Лоренс

Искра е еден од моделите кои се пробија во модната индустрија благодарение на облините и смелоста да бидат различни од другите. Таа има голема мрежа од следбеници на социјалните мрежи, каде секојдневно инспирира и други жени да се сакаат себеси онакви какви што се. Само на Instagram, неа ја следат 5,5 милиони обожаватели.

Искра Лоренс

Лоренс и нејзиниот сакан Филип Пејн имаат 4-годишно синче. Во април, парот објави дека ќе добие уште едно дете.

Искра Лоренс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.