Почетна » Новости » Занимливости » Бразилка роди новороденче тешко 7,3 кг на кое му се потребни алишта како за 9-месечно бебе

Бразилка роди новороденче тешко 7,3 кг на кое му се потребни алишта како за 9-месечно бебе

Жена од Бразил роди бебе тешко 7,3 килограми и долго 59 сантиметри.

Клеидијана Сантос дос Сантос го донесе на овој свет синчето Ангерсон со царски рез на 18 јануари. Тоа го сруши рекордот за најголемо бебе во сојузната држава на Бразил, Амазон, и за малку не го сруши рекордот на национално ниво, кој е 8 килограми.

На новородениот Ангерсон му се потребни алишта како за 9-месечно бебе.

Клеидијана Сантос дос Сантос Клеидијана Сантос дос Сантос

Сантос била на рутинска консултација кога докторите забележале дека бебето е премногу големо за да може да го носи до крајниот термин за породување.

Ангерсон е во инкубатор, но и тој и мајката се во стабилна состојба.

Клеидијана Сантос дос Сантос

Според докторите, големината на новороденчето најверојатно се должи на дијабетесот на неговата мајка.

Клеидијана Сантос дос Сантос

Најголемото природно родено бебе досега е родено во Италија во 1955 и тежеше 10,2 килограми.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20902 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.