Васе Пандев и неговиот син Александар направија хумано дело со големо значење.
Таткото и синот од Струмица долги години ги растеа своите коси, а сега ги скратија за прамените да ги донираат за деца болни од рак.
Овој прекрасен гест е за почит и пренесува важна порака дека колку и да е мала помошта и поддршката, секогаш треба да си подаваме рака еден на друг во најтешките животни моменти.
Фотографиите пред и потоа ги сподели нивниот пријател и фризер Александар Тошев, кој напиша: „По скоро 40-на ишишани коси за донација, денеска ми се случи еден многу драгоцен и емотивен момент. Мојот другар Васе и неговиот син Александар после долги години растење на косите решија денеска да ги донираат за дечиња болни од канцер. Секоја чест и поклон до земјa“.