Почетна » Новости » Занимливости » Браво! 15-годишна девојка со ретка болест одушеви на концерт на Андре Риу

Браво! 15-годишна девојка со ретка болест одушеви на концерт на Андре Риу

Никој не остана рамнодушен на емотивниот настап на Ема Кок во Холандија.

Андре Риу ја покани 15-годишната девојка на сцената на неговиот концерт, а таа ги одушеви сите присутни со изведбата на „Voilà“ од Барбара Прави.

Ема страда од многу ретка болест, наречена гастропареза или „парализиран стомак“, при која пациентот се соочува со екстремно бавно празнење. Талентираната девојка може да јаде само со туба која оди во нејзиниот стомак, но не дозволува нејзината болест да ја спречи да го следи својот сон да стане пејачка.

Ема Кок Ема Кок

„Ема има ретка, но ужасна болест. Нејзиниот стомак е парализиран. Таа не може да јаде. Целата храна оди преку мала туба директно во нејзиниот стомак. Но, Ема е храбра девојка и сака да живее нормален живот. Ема има сон. Има прекрасен глас и сака да биде пејачка. Таа создаде фондација за да собере пари за истражување на оваа ужасна болест и можеби во иднина да ја излечи. Мислам дека таа е пример за сите нас“ – рече Андре во најавата.

@emmakokofficial._ Stream Voilà on all streaming platforms Link in bio #andrerieu #andrerieuandjohannstraussorchestra #voilà #emmakokvoila #maastricht #emmakok #voila #vrijthof #barbarapravi #spotify #foryou #fy #fyp #fypシ #foryoupage #voorjou #voorjoupagina #furdich #furdichseite #furdichpage #viral #viralvideo #viraltiktok #trending #trend #trendingsong #trendingvideo ♬ original sound - EMMA KOK

Откако стана хит, Ема реши преку објава да сподели нешто повеќе за себе и да ја подигне свеста за болеста.

Ема Кок Ема Кок Ема Кок

Гастропареза

Бидејќи станав вирален хит и добив многу следбеници, ја раскажувам мојата приказна. Имам хронична болест гастропареза, што значи дека мојот стомак е парализиран. Тоа е ретка болест. Поради тоа што стомакот ми е парализиран значи дека не можам да јадам како нормалните луѓе. Можам само да јадам многу мали залачиња само за да вкусам некоја храна. Но, поради тоа имам и туба за хранење. Имам две пумпи за хранење уште од бебе.

Пред 5 години, ми беше дијагностицирана гастропареза. Овој месец е екстра специјален за мене, бидејќи е Месец за подигнување на свеста за гастропареза. Поради тоа што болеста е ретка, не ѝ се посветува никакво внимание. Мислам дека тоа не е фер. Поради тоа, ја основав мојата фондација, под име „Гастропареза“. Сакам да ми се подобри состојбата, но не знам дали тоа ќе се случи...

Во 2021 година, кога имаше само 12 години, Кок победи во музичкото шоу „The Voice Kids Netherlands“.

Ема Кок Ема Кок

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.