Жена, која поминала две бремености за време на карантините, роди четири деца за помалку од една година.
Џесика Причард од Британија донесе на свет тројка во април годинава, а во мај минатата година ја роди ќеркичката Миа. 31-годишната Британка е мајка и на 8-годишната Моли.
„Последните 12 месеци беа како виор, добивме бебе во карантин, а потоа уште три. Времето за оброк е многу забавно, бидејќи сите имаат потреба од хранење во истото време. Само треба добра организација, а јас сум организирана личност“ – рекла таа.
Џесика сè уште била на породилно отсуство за Миа кога дознала дека е повторно бремена. Поради рестрикциите, таа морала сама да оди на преглед кога ѝ ја соопштиле веста дека носи не едно, туку три бебиња.
„Малку нè шокираше, но секоја бременост е благослов, па ние се сметаме за благословени личности“ – додала Џесика.
Трите бебиња се родиле во 31. недела и поминаа седум недели во болница. Сега, тие се дома со нивните две поголеми сестрички.