Минатата година, матурските прослави беа одложени поради појавата на коронавирусот, но оваа година, средношколци од Лоренсбург одлучија да не дозволат пандемијата да ги спречи да ја одржат големата забава.
Решителните тинејџери затворија цела улица каде поставија маси и уживаа во магична ноќ. Сето тоа го постигнале со помош на нивниот градоначалник.
„Полицијата направи безбедносен периметар околу забавата. Ја декориравме улицата со сијалички и сè што требаше за да ја направиме вечерта магична“ – изјавил градоначалникот Трој Јанг.

„Беше прекрасно да ги гледаш како танцуваат и барем накратко да се почувствуваш како да е сè нормално. Беше магично. Беше неверојатно“ – изјавила нивната професорка Хедер Адамс.




