Почетна » Новости » Занимливости » Бабичката која освојува на Instagram e првата виртуелна инфлуенсерка во Хрватска

Бабичката која освојува на Instagram e првата виртуелна инфлуенсерка во Хрватска

Дигиталната ера доведе до подем на виртуелните инфлуенсери кои секојдневно стануваат сè побројни и побројни. Една од нив е забавната бабичка со розова коса од Хрватска.

На Instagram, бабичката со младешки дух споделува животни лекции, брачни совети и мудрости надополнети со доза хумор, па со леснотија придобива обожаватели. Таа досега има над 22 илјади следбеници на Instagram.

Bakica

„Bakica“ е создадена од модната дизајнерка Морана Томашевиќ. „До идејата дојдов спонтано додека проучував една апликација за разубавување на фотографии и видеа. Испробав филтер кој ме правеше постара за 40 години и ме направи да бидам стара баба. Сметам дека сум единствена жена на интернет за која луѓето ќе речат дека изгледа подобро во живо отколку на Instagram“ – изјавила Морана за lifebuzz.hr.

@boudoirzagreb Ususret #fyp #boudoirzagreb #rozabaka #girlmath #valentinovo ♬ Sneaky Sneaky - Gold-Tiger
@boudoirzagreb Baka ide u Opatiju #baka #boudoirzagreb #cosplay #bakinemudrosti #pinklifestyle #rozabaka #ljeto2023 ♬ original sound - bakabackup
@boudoirzagreb Ima dana kad i baki treba zagKaj tebi pomaže kad imaš loš dan?️ #fyp #boudoirzagreb #rozabaka #ponedeljak ♬ Romantic Music - L'amore dice ciao - Main Titles - Armando Trovajoli

Морана вели и дека создавањето на овој лик за неа е многу забавно и креативно.

„Бабичка е модна икона, сочувствителна, луда, нежна, строга и праведна. Таа е сè што баравме кај бабите и што имавме среќа да го добиеме од нив. Ако не сме го добиле, баба е тука за барем виртуелно да ни даде малку од она што ни недостигало во детството. Баба е тука да ни подари виртуелна прегратка и топлина каква што можат да дадат само бабите“ – дополнила Томашевиќ.

@boudoirzagreb Sprinkl spri #shikshakshok #trend #viral #sprinklesprinkle #rozabaka #baka #bakinemudrosti #boudoirzagreb #pinkhair #pinklifestyle ♬ original sound - Boudoir
@boudoirzagreb I baki je dos #fyp #boudoirzagreb #rozabaka #godisnji #godisnjiodmor ♬ original sound - Boudoir
@boudoirzagreb Baka je mlada u duši#baka #bakinemudrosti #boudoirzagreb #cosplay #pinklifestyle #lifelessons ♬ original sound - Boudoir
@boudoirzagreb Ko Lady Gag #boudoirzagreb #baka #bakinemudrosti #foryou #fyp #funny #viral #thatgirl ♬ original sound - bakabackup

„Bakica“ е само една од многуте компјутерски генерирани ликови со различни карактери и хобија кои секојдневно ги среќаваме на интернет, без првично да се посомневаме дека всушност не се вистински луѓе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.