Почетна » Новости » Актуелно » Ивана Вулета од Србија стана светска шампионка и не можеше да си ги задржи солзите-радосници

Ивана Вулета од Србија стана светска шампионка и не можеше да си ги задржи солзите-радосници

Ивана Вулета е новата светска шампионка во скок во далечина.

33-годишната Србинка со скок од 7,14 метри стигна до златниот медал на Светското првенство во атлетика во Будимпешта. Нејзиниот скок е трет најдобар скок во историјата на светските првенства.

Ивана не можеше да си ги сокрие солзите-радосници кога сфати колку голем успех постигна.

Ивана Вулета Ивана Вулета Ивана Вулета

„Сè што имам ѝ посветив на атлетиката. Отсекогаш знаев што сакам“ – има изјавено таа.

Ивана Вулета Ивана Вулета Ивана Вулета Ивана Вулета Ивана Вулета Ивана Вулета

Во неодамнешно интервју, Ивана зборуваше за својот живот и откри дека никогаш немала некакви посебни услови за да тренира, туку дека постојано се стремела да се подобрува.

„Знаеш како велат: Најдобрите животни лекции ги дава празниот стомак, празниот џеб и скршеното срце. Јас ниту пораснав во не знам какви услови, ниту имав не знам ни јас каков живот... Просто од малечка спортот ми се наметна како излез. Во секоја смисла! Се разбира дека сите родители за своите деца го прават најдоброто што можат за да им пружат што подобри услови. Но, можам да кажам дека сум многу среќна поради тоа што многу рано почнав да добивам и стипендии и што имав прилика да ѝ помагам на фамилијата да живееме уште подобро. Кога немаш ништо, навикнат си да немаш ништо и едноставно немаш што да изгубиш и просто посакуваш нешто подобро и што и да дојде подобро, си многу благодарен и не можеш да го заборавиш тој момент. Што и да се случи, знаеш како е кога е лошо и го немаш тој страв да се бориш“ – рече таа.

Во септември 2021 година, Ивана стапи во брак со нутриционистот Марко Вулета.

Ивана Вулета Ивана Вулета

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.