Питер Калесен е нестандарден уметник кој за своите дела користи само еден лист А4 формат, скалпел и лепило. Тој сече интересни форми од хартија и потоа го користи отсечениот дел за да свитка интересни дизајни.
Со својот талент тој претвора еден лист од хартија што кошта неколку пени во уметничко дело, чија цена достигнува до 2 800 фунти. Секој од неговите модели му одзема по 2 недели, затоа што пред да почне да се прави треба добро да се осмисли, да се направи скица и дури потоа да се сече и витка.
Питер сака неговите модели да раскажуваат приказна и верува дека претворањето на лист од хартија во тродимензионален модел е магичен процес.
Креациите на овој уметник вклучуваат фигури како птици, цвеќиња, скелети, инсекти и згради, а се прикажани на изложби во Лондон и Њујорк.