Жаклин Ворен со моќни текстови покажува колку треба да се цени партнерот и да се работи на одржување на бракот.
Блогерката и авторка преку најновиот текст нè потсетува да посветиме внимание на малите нешта, бидејќи тие се важни за да го одржиме бракот силен и стабилен.
Ако сакаш да имаш силен брак, прави ги нештата кои обично не ги правиш.
Ако сопругата ја пере цела облека, скокни и здипли ги алиштата.
Ако сопругот станува прв и ја празни машината за садови, намести си аларм и направи му кафе.
Прави ги нештата кои обично не ги правиш.
Ако сопругата е задолжена да им помага на децата со домашните задачи, земи пенкало и најди неколку одговори.
Ако сопругот го изнесува ѓубрето, врзи ја вреќата пред да биде преполнета.
Прави ги нештата кои обично не ги правиш.
Ако и двајцата сте вознемирени, извини се прв/а.
Прави ги нештата кои обично не ги правиш.
Бидејќи бракот е партнерство.
Јас и ти сме заедно против сите емоции и дистракции и притисоци и напади кои ќе бидат насочени против нас.
И докажан начин да се штитите еден со друг е да ја ставите љубовта во акција и да си го олеснувате товарот еден на друг во секоја можност која ќе ви се пружи.
И прави ги нештата кои нормално не ги правиш.
Многу сум благодарна за подарокот на бракот.