Мајка на четири момчиња потсетува колку брзо растат децата и дека кога тоа ќе се случи, на мајките им недостигаат деновите кога биле малечки.
Жаклин Ворен преку оригинални текстови ги споделува своите искуства од мајчинските денови, одржувајќи ни на сите скапоцени лекции. Во еден од постовите на Facebook, Ворен ги советува мајките да уживаат во зафатените и брзи денови додека децата се мали, бидејќи тоа нема да биде така засекогаш:
Пред таа да се свести, нејзините деца беа пораснати. Куќата беше тивка. Собите беа уредни и мирни.
Немаше мали тркачки автомобили оставени на комодата до креветот.
Немаше повеќе играчки за бањање на подот од туш кабината.
Таа погледна назад и сфати дека ги нема повеќе годините кога беа мали децата. Тие зафатени години со бессони ноќи и преполни распореди беа едни од најдобрите денови од нејзиниот живот.
Да мамичке, истоштувачко е и повторувачко и понекогаш фрустрирачко... но, мораме да запомниме дека нашите благослови не ни се товар.
Да не го пропуштаме чудото...
Да не го пропуштаме растењето...
Да не ја пропуштаме слаткоста на оваа сезона.
Моите бебиња растат брзо...
Еден ден, ќе погледнам назад и ќе ми недостига оваа мала верзија од вас.
Ќе сфатам дека времето навистина лета.
Ќе ја прифатам целата фрустрација и умор сè додека ве имам, дечиња мои.
Знам дека ги живеам едни од најдобрите денови од мојот живот.