На 45-тиот викенд од концертите во Лас Вегас, Адел имаше слатка гостинка.
4-годишната Валентина беше дел од публиката на музичкото шоу и трпеливо ја чекаше омилената пејачка да се доближи до неа. Таа знаеше дека ќе ѝ го привлече вниманието, бидејќи беше облечена во реплика на фустанот од Schiaparelli кој Адел го носеше на свадбена прослава во септември 2021 година.
Само што ја здогледа Валентина, музичката ѕвезда застана за да ја поздрави.
„Ми се допаѓа твојот фустан“ – ѝ вели Адел во видеото споделено од мајката на девојчето.
„Адел застана да се поздрави со мини Адел. Нема потреба да кажам дека ни се оствари сонот мене и на Валентина! Незаборавна вечер со мојата мала љубов“ – напиша мајката Александра.
На концертот, Адел изгледаше одлично во креација од YUDASHKIN.