Почетна » Новости » Занимливости » Philips парните генератори ја воведоа @Анастазија во светот на лесното пеглање

Philips парните генератори ја воведоа @Анастазија во светот на лесното пеглање

Комерцијален текст

Philips генератори

На профилите на социјалните медиуми на неколку супер харизматични дами, периодов забележуваме постови и објави каде тие возбудено раскажуваат за нивното искуство во пеглањето. Една од нив е и Анастазија Бранчела, префинета дама, девојка со одличен вкус за мода и стил, модерна мајка на две дечиња, успешна бизнис жена и сопруга. За подобро да разбереме кој е поводот за нејзиното необично дружење за нашите секојдневни и вообичаени рутини, ја прашавме подетално за што точно станува збор.

На прашањето, за што точно станува збор, возбудено ни одговори: Philips генератори на пареа!

Револуционерната технологија и линија на парни генератори кои ја воведоа во светот на лесното пеглање. Линија на генератори на пареа со кои може да заборавиме на постојаното менување на температурата при пеглањето на алиштата. Генератори на пареа со револуционерна технологија „Optimal Temp” која овозможува пеглање на различни видови ткаенини и текстури без менување на температурата. Генератори на пареа со кои можеме да ја оставиме пеглата врз облеката и таа никогаш нема да биде изгорена, можеме да пегламе вертикално благодарение на моќната пареа која ја имаат, можеме дури и да пегламе врз апликации без никако да се оштети, ниту гардеробата, ниту пеглата.

За сѐ ова не звучи како приказна, ја прашавме оваа супер девојка да ги сподели своите искуства и секојдневни рутини за да се увериме во револуцијата која ја воведоа Philips генераторите на пареа.

П: Дали пеглањето го сметаш за здодевна рутина или пак за уживање и време за себе?

Philips генератори

Анастазија: Пред да имам деца ми беше интересно да пеглам. Фанатик сум за совршен изглед, ја сакам модата и обрнувам внимание на сопствениот изглед, а дел од тој совршен изглед секако се и одлично испегланите алишта. Откако ми се родија децата тешко наоѓам време за други работи освен за нив, па пеглањето некако ми прејде во здодевна рутина.

П: Колку време неделно вообичаено одвојуваш за пеглање на алиштата?

Анастазија: Како мајка на две мали дечиња, и сопруга на банкар секој ден пеглам по минимум 1 час и пак не можам сè да допеглам. ☺ Можам да кажам дека пеглам речиси сѐ, од пешкири, чорапчиња, фустани, свилени здолништа, и бескрајно многу кошули.

П: Што најмногу ти пречи кога станува збор за пеглање со вообичаените пегли?

Анастазија: Најголема фрустрација при пеглање со обичните пегли ми преставува полнењето вода речиси по 10 пати во едно пеглање, кога треба да ја исклучам пеглата, да наполнам вода и повторно да чекам да постигне соодветна температура.

П: Согласно досегашното искуство од користењето, што најмногу те импресионира кај Philips парниот генератор?

Анастазија: Искрено, парниот генератор е вистинска револуција. Најмногу ме импресионираше „Optimal Temp“ технологијата и фактот што не постои можност да ги изгорам алиштата. Како моден зависник на добар изглед многу ми е важно да можам да ги испеглам и најделикатните парчиња облека, и оние со детали на нив, без тие да бидат оштетени. Исто така, ми се допадна и моментот што нема подесување на температурата, и времето за пеглање значително ми се намалува. Philips генератори

П: Дали користењето на Philips парниот генератор те увери дека пеглањето може да биде навистина лесно?

Анастазија: Philips парниот генератор навистина ме воведе во еден свет на лесно пеглање, свет без подесување на температурата, без постојано надополнување на водата и најважно од сѐ свет во кој со само неколку поминувања и без многу напор алиштата веднаш се совршено испеглани.

П: Што останато би сакала да споделиш согласно твоето искуство со Philips парните генератори?

Анастазија: Најтопло го препорачувам на сите жени, особено на оние со мали деца. Ќе ви ја олесни работата за 100%, ќе ви го скрати неколку часовното пеглање и ќе ве запознае со еден свет каде пеглањето е забавно и супер лесно. ☺

Овие позитивни коментари и импресии ни се само уште еден доказ на револуционерноста која Philips ни ја овозможи со новата ера на пеглање, свет на лесното пеглање без подесување на температурата, без сортирање на материјалите, без горење на омилените парчиња облека, со едноставно отстранување на наборите и пеглање на деликатните парчиња облека, брзо, лесно и едноставно. Отсега пеглањето ќе Ви биде вистинско уживање, време за себе, релаксација и забава со вашиот нов најдобар пријател – Philips парниот генератор.

Бидете дел од нејзината дружба и забава со Philips генераторите на пареа и следете ja на @anastazija_kaya.

Дознајте повеќе овде>>>

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19760 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.