Ајде да ги поддржиме и охрабриме родителите да ги дојат своите бебиња секогаш, секаде
Доењето постои откога постоиме и ние. Исто така посвесни сме од кога било за здравствените придобивки од доењето и за бебето и за мајката. А сепак, во многу делови од светот сè уште има многу табуа во однос на доењето – што сигнализира за потребата од поголема поддршка на мајките и татковците да практикуваат родителство и доење/исхрана на нивен начин.
Оваа Светска недела на доењето (1-7 август), со цел да се разберат некои од предизвиците со кои се соочуваат родителите кои ги дојат своите бебиња и да се поддржат и охрабрат да бидат родители и да ги хранат своите бебиња на нивен начин, Philips праша повеќе од 6000 жени во 25 земји* што ги спречува да ги дојат своите бебиња во секое време и секаде каде што сакаат или имаат потреба.
Доење на јавно место – сè уште не се смета за „нормално“
Резултатите покажуваат дека сè уште треба да се работи на поддршка и поттик на мајките во нивниот избор да дојат на јавен простор. Околу две третини (66%) од мајките на глобално ниво велат дека би се чувствувале посигурно и поудобно при доењето на јавно место доколку тоа се смета за „нормално“. Чувството на срам или непријатност при доење помеѓу луѓе кои не ги познаваат е клучната причина (52%) за жените да се чувствуваат колебливо или да не го земаат предвид доењето на јавно место. Резултатите откриваат дека многу мајки (40%) не размислуваат за измолзување на јавно место. Тој процент се зголемува на 69% во Франција, а паѓа на 17% во САД.
Резултатите варираат во различни култури и земји, а доењето на јавен простор не е нешто што секоја мајка сака да го прави. Во Philips препознаваме дека секое искуство со доењето е единствено и лично за родителот и бебето и не постои правилен или погрешен начин. Родителите можат да изберат да го нахранат своето бебе директно од градите на мајката, со измолзено млеко, или на двата начина, или помеѓу оброк од шишенце со адаптирано млеко. Некои може да изберат да се хранат на јавно место или во удобноста на нивниот дом. Каков и да е нивниот избор, Philips сака да ги поттикне и поддржи родителите со решенија кои го поддржуваат секој од овие избори.
Мајките треба да се чувствуваат дека имаат „право“ на доење на јавно место
Резултатите продолжуваат да откриваат дека најголем мотиватор за мајките на глобално ниво да дојат јавно е да можат да ги нахранат своите бебиња веднаш штом имаат потреба за тоа (59%), речиси половина (47%) на глобално ниво велат дека доколку го имаат „правото“ на јавно доење, тоа исто така би ги мотивирало да го сторат тоа. Овој процент се зголемува на 57% во Австрија и Канада, а паѓа на 31% во Јужна Африка. Само преку поголема свесност за доењето, поттик за промена на политиката за доење и создавање повеќе поддржувачки заедници околу мајките кои ќе ги поттикнуваат тие да ги хранат нивните бебиња на свој начин, ќе почнат сè повеќе луѓе да го препознаваат и промовираат доењето како основно човеково право, што всушност и е.
Мајките заслужуваат поголема поддршка
Дополнително на ова, мајките велат дека поголема целокупна поддршка од страна на околината би им помогнала да се чувствуваат поудобно со доењето во јавност, со ова се согласуваат третина од мајките во САД (33%), Шпанија и Мексико (обете 30%). Во меѓувреме поголема поддршка од страна на партнерот би помогнала за многу мајки во Колумбија (41%), Мексико и Чиле (обете 40%), споредено со помалку во Австрија (17%) и Германија (13%).
Овие бројки покажуваат дека многу мајки би сакале да почувствуваат целокупно разбирање од страна на општеството и промена на перцепцијата за доењето од нешто несоодветно и непотребно во едно од најприродните, фундаментални чинови на грижа во светот. Оваа промена може да се случи единствено преку едукација за важноста на доењето на што повеќе луѓе, започнување на повеќе дискусии на темата и поддржување на изборот на родителите да ги дојат своите најмили како најдобро им одговара – нешто што зависи од сите нас.
Поддршка и поттик за родителите
Веруваме дека родителите треба да се чувствуваат поддржано и поттикнато низ ова патување и родителство на нивен начин. Ова вклучува и хранење на нивното бебе, или измолзување секогаш и секаде каде што сакаат или има потреба за тоа – во ресторан или бар, во парк или во јавен превоз. Токму затоа, за време на оваа Светска недела на доењето ја поттикнуваме дебатата за доењето, за мајките и татковците никогаш да не се чувствуваат сами во своето искуство. Придобивката е огромна кога за своето искуство можете да разговарате со здравствени лица, консултанти за лактација, на антенаталните предавања, преку апликација, онлајн заедници, како и со фамилијата, пријателите и други мајки.
Доењето може да биде прекрасно, но не е секогаш едноставно и лесно за мајката. Чувството на удобност е клучно за позитивното искуство со доењето и помага кон полесно ослободување на млекото.
Да се обединиме во поддршката на родителите да бидат родители на свој начин и да ги охрабриме да го хранат своето бебе секогаш, секаде.
Дополнителни клучни глобални статистики:
- 36% од жените би се чувствувале посамоуверено и поудобно во однос на доењето на јавно место, ако видат и други жени кои го прават тоа.
- Околу 1 од 4 бремени жени имаат чуство дека измолзувањето во јавност е непријатно.
- 30% од жените би сакале да можат да се измолзат за време на патување, на работа, додека ги извршуваат домашните задачи, додека се грижат за другите деца, за време на вечера со пријателите/фамилијата во ресторан или за време на посета кај пријателите или фамилијата.
*Истражување на Philips спроведено со 6453 жени во 25 земји на глобално ниво во февруари 2022 година преку Philips Pregnancy + App.
Комерцијален текст