Во ерата на Instagram, бројни корисници на оваа социјална мрежа се опседнати со создавање на совршени фотографии кои секојдневно ги објавуваат на своите профили. А за да го остварат тоа, подготвени се да направат многу непромислени работи.
Пар кој дозволува малото дете да го фотографира додека непристојно позира на плажа, девојка која лежи на оградата од терасата и се фотографира, ризикувајќи да падне и да се повреди, девојка која позира во бикини додека останатите гости во ресторанот се обидуваат да уживаат во нивниот оброк... погледнете ги видеата споделени на Instagram профилот „Influencers In The Wild“, кој ги исмева „инфлуенсерите“: