Почетна » Новости » Занимливости » 88-годишна жена се омажи со првата љубов откако се обединија на 50-годишнината од матурата

88-годишна жена се омажи со првата љубов откако се обединија на 50-годишнината од матурата

Елејн Хол конечно ја облече венчаницата што отсекогаш посакуваше да ја носи.

Среќната невеста, која тврди дека никогаш не е предоцна за љубов, се омажи на 88-годишна возраст со симпатијата од детските денови, Роланд Пасаро.

„Вљубувањето е возможно на која било возраст“ – тврдат сега тие.

Елејн Хол и Роланд Пасаро Елејн Хол и Роланд Пасаро Елејн Хол и Роланд Пасаро

Вљубените старци првпат се запознале пред 74 години, кога учеле во средно училиште. Таа била мажоретка, а тој играл бејзбол и бил мошне популарен.

„Кога ја видов, помислив дека е многу убава и возбудлива... Сметав дека е прилично атрактивна“ – рекол Пасаро.

За жал, по завршувањето на средното училиште, патиштата им се разделиле. Хал се омажила за друг маж на 18-годишна возраст, но не била облечена во невестинскиот фустан кој го сонувала.

„Роланд секогаш имаше специјално место во моето срце сиве овие години. Честопати се прашував како е, дали е среќен, дали има убав живот“ – рекла таа.

Пасаро бил успешен бејзбол играч, но поради повреда бил принуден да се откаже од кариерата. Тој се оженил и добил тројца синови, но за жал, во 2002 година неговата сакана и еден од синовите починале.

Следната година, Роланд и и Елејн присуствувале на истата забава по повод 50-години од нивната матура. Искрата меѓу нив повторно се разгорила. На крајот од вечерта, тој спонтано ја бакнал. Во месеците кои претстоеле, нивната врска станала романтична и во 2004 година, таа се преселила кај него во Мајами.

Елејн Хол и Роланд Пасаро Елејн Хол и Роланд Пасаро

По 20-годишна врска, тие одлучиле да стапат во брак.

„Кога пристигнав кај него, тој ми рече дека изгледам преубаво. Прекрасно е. Се чувствувам исто како на 15-годишна возраст. Сè уште имам пеперутки во стомакот. Многу го сакам“ – рекла Елејн.

Елејн Хол и Роланд Пасаро Елејн Хол и Роланд Пасаро Елејн Хол и Роланд Пасаро

Брачните партнери се физички и ментално многу активни. Тие заедно играат голф и пешачат, а Роланд тренира во домашни услови. За да го стимулираат нивниот ум, тие решаваат загатки и крстозбори.

„Мора да се движиш. Вистинска работа е да не седиш на каучот до крајот на твојот живот“ – велат тие.

Елејн Хол и Роланд Пасаро Елејн Хол и Роланд Пасаро

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.