Јосип Мариќ доби сребрен медал на Европскиот куп во џудо за деца со потешкотии во развојот, кој се одржуваше во Велика Горица, Хрватска.
8-годишното момче со Даунов синдром го освои второто место во конкуренција од 140 натпреварувачи од 14 земји и сега инспирира на социјалните мрежи.
„Мал борец со големо срце. Момчето Јосип Мариќ освои сребрен медал на Европскиот куп. Во Велика Горица се одржа првиот Европски куп за деца со потешкотии во развојот, кој го организираше Европската џудо унија. Јосип, момче со Даунов синдром, им измами насмевки и аплаузи на сите присутни. Јосип на овој турнир имаше голем поддршка од своите колеги од клубот, децата со кои тренира и кои допатуваа за да го гледаат. Неговата неверојатна приказна и успехот отвораат пат за многу други млади спортисти, инспирирајќи ја целата социјална заедница“ – стои на страницата на џудо клубот „Borsa Mostar“.
Јосип го добил првиот свој појас на 7-годишна возраст. Тој со спорт се занимава 4 години, а џудото му помогнало значително да се осамостои и сега дури патува на турнирите сам без своите родители.