Карин Смитсон е мајка на три мали деца, психотерапевт, консултант и мотивациски говорник. Сакајќи да им помогне на сите студенти во 20-тите години од животот, таа состави листа од 20 нешта кои посакувала да ги знае кога била млада.
Советите се всушност животни лекции кои би било убаво да ги запомни секој млад човек.
- Држете ги блиску до себе вистинските пријатели и не ја заборавајте блискоста која ја чувствувате сега. Таа е вистинска, но со текот на времето, животот ќе се обиде да ги разниша тие врски. Тие ќе ви значат многу.
- Иако сте паметни, вашиот мозок сè уште не завршил со созревањето. Слушајте ги родителите повеќе отколку што сакате. НАВИСТИНА.
- Еден ден ќе ви недостига младоликото тело – сакајте го и грижете се за него. Ќе дојде ден кога ќе бидете носталгични по деловите од телото кои не ги сакате сега. Грижете се за нив и вежбајте.
- Ако некој ве отсече од животот, тоа е поради нив, а не поради вас. Нељубезните зборови често се користат за да се „сече“ силна личност, со цел несигурната личност да се почувствува подобро.
- Извинувајте се. Велете „Жал ми е“, заборавете на вашето его и покорно поправајте ги работите, без изговори.
- Образованието е МНОГУ важно. Со стопроцентна сигурност ве уверувам дека ќе бидете горди на својата диплома... и ќе се каете ако не го завршите факултетот.
- Можете да му кажете „НЕ“ на сексуалниот контакт. Вие го поседувате сопственото тело. Заминувањето можеби е тешко во моментот, но вашиот дух ќе ви благодари. И верувајте ми, години подоцна, тие одлуки ќе ве исполнуваат со гордост и вас и вашиот партнер.
- Сè што ќе постирате е трајно. Замислете си таа фотографија, тоа видео или тој коментар да ви бидат доставени од спроти масата за време на интервју за првата работа.
- Верувајте му на своето срце. Не го заглушувајте гласот на вашиот дух. Направете сè што треба за да стигнете таму каде што сте повикани да одите... макар и тоа да е местото на кое некој друг смета дека не треба да одите.
- Духовноста/Религијата ќе ве спаси кога останатиот свет ќе се „распадне“. Секогаш одржувајте душевна врска со Бог – тоа ќе ве води, ќе ве прави посилни и ќе ви носи мир. Молете се. Медитирајте. Слушајте. Секој ден.
- Патувајте. Зграпчете ја секоја можност за патување на ново место, задлабочување во нова култура или доживување на нов пејзаж.
- Не се трујте. Не пушете. Не се дрогирајте. Не пијте газирани пијалаци. Токсините влијаат на вашата надворешна убавина, на начинот на којшто зрачите и на начинот на којшто луѓето ве восприемаат.
- Земајте ја предвид другата страна на приказната. Слушајте некој со кого не се согласувате – прашајте го од што се поттикнати неговите размислувања и зошто се чувствува на тој начин, без да го осудувате. Бидете ОТВОРЕНИ.
- Наговорете се да престанете да се споредувате со други. Стремете се да бидете најдобри што можете, а не копија на личноста до вас. Знајте ги вашите силни страни. Не ги омаловажувајте вашите слабости.
- Зачувајте ја радоста од тоа да го живеете моментот. Кога ќе стареете, ќе треба многу повеќе да се фокусирате на иднината. Да бидете присутни во моментов станува изгубен дар.
- Разговарајте со вашите професори. Барајте помош. Бидете препознатливи и запаметливи. Со тоа што ќе бидете познати, учителите ќе инвестираат повеќе во вас и вашиот успех. Може и да добиете свој ментор.
- Сакајте ги своите родители. Сакајте ги своите баби и дедовци. Гледајте ги во очите и слушајте ги нивните приказни. Почитувајте ги нивните животи и наследството на оние кои биле на овој свет пред вас. Никогаш не можете да знаете кога ќе биде предоцна.
- Луѓето ќе се однесуваат кон вас онака како што ќе им дозволите. Вие ја поседувате половина од моќта за одлучување на тоа како ќе се движи секоја врска. Чувајте ги позитивните личности блиску до себе, а негативните подалеку. Имате избор.
- Обрнувајте внимание на тоа како луѓето се однесуваат кон своите родители... и кон келнерите. Начинот на однесување на потенцијален партнер кон своите родители е добар показател за тоа каков ќе биде во бракот. Начинот на којшто се однесува кон келнер го покажува неговиот карактер.
- Слушајте го вашиот тих, мал глас. Бог ви дал дух кој ви зборува од онаа длабока точка во вашата срж. Можете да го слушнете како ви праќа предупредувачко „бзззззз“ кога не треба да бидете некаде и позитивно „лалалала“ кога сте на добро место. Верувајте им на тие инстинкти. Интуицијата е ваша супермоќ.