Почетна » Новости » Занимливости » 17-годишната Малала Јусафзаи е добитничка на Нобеловата награда за мир

17-годишната Малала Јусафзаи е добитничка на Нобеловата награда за мир

Малала Јусафзаи и Каилаш Сатиарти се добитници на годинешната Нобелова награда за мир.

17-годишната активистка од Пакистан е најмладиот добитник на наградата во историјата. Храбрата девојка бестрашно продолжи да се залага за образование на сите девојки иако беше безмилосно застрелана во главата од Талибанците.

Малала ЈусафзаиМалала на доделувањето на наградите „Жени на годината“, организирано од американското списание Glamour.

Приказната на Малала го трогна светот во 2012 година, а нејзината решителност инспирира милиони лица. Уште од мали нозе таа го обожавала училиштето и пред да биде доволно возрасна за да започне со своето образование, таа ги посетувала часовите на нејзиниот татко учител и внимателно ги слушала сите лекции. Кога имала само 11 години, Малала тајно ги испраќала своите дневници во BBC. Во дневниците таа пишувала за својата земја, за различни секојдневни нешта како тоа дека омилениот розов фустан може да ја стави во опасност, бидејќи Талибанците не ги одобруваат силните бои.

„Имам право да свирам, имам право да пеам, имам право да зборувам, имам право да одам до пазар, имам право да го искажам своето мислење. Нема да ми смета да седам на подот на училиштето, сè што сакам е образование и не се плашам од никого“.

цитат од дневник на Малала

Малала знаела дека нејзините дневници се опасни и се плашела дека еден ден ќе дојде некој да ја замолчи засекогаш. Но, била подготвена храбро да се исправи и да им каже дека она што се обидуваат да го направат е погрешно и дека образованието е наше основно право.

Таткото на Малала очекувал дека Талибанците ќе дојдат по него, но не и по неговото девојче. Малала била застрелана во главата и вратот во училиштен автобус додека се врќала од училиште. За среќа, обидот за убиство бил неуспешен и Малала била префрлена во Англија каде добила соодветна медицинска помош.

За време на нејзиниот престој во болница, таткото на Малала ѝ кажал дека според анкета, таа е шестата највлијателна личност во светот (Барак Обама бил на 7. место). Кога таткото ја запрашал дали се чувствува среќна поради тоа, таа одговорила: „Не. Сметам дека луѓето не треба да бидат категоризирани на таков начин.“

По страшниот инцидент, била формирана Фондацијата Малала, која е раководена од самата Малала. „Ова е најсреќниот ден во мојот живот. Ако можеме да школуваме 40 девојки, можеме да школуваме 40 милиони девојки“ – рекла Малала преку видео порака.

Малала цврсто верува дека образованието има моќ да го промени светот и бестрашно се бори за остварување на својот сон – образование на секое дете.

„Верувам дека оружјето нема моќ, затоа што оружјето може само да убие. Но, пенкалото може да даде живот“.

Малала

Храбрата девојка е убедена дека и најмалите промени се значајни.

„Еден ученик, еден учител, една книга и едно пенкало можат да го спасат светот. Девојките во Пакистан не копнеат за Xbox или какви било други луксузни нешта. Тие само сакаат книга и пенкало“.

Малала

Малала ја има придобиено наклонетоста на многу светски лидери како Бан Ки-мун.

„Целејќи кон неа, екстремистите покажаа што ги плаши најмногу: девојка со книга. Таа навистина е пример за целиот свет“.

Бан Ки-мун

60-годишниот Сатиарти е индиски активист за правата на децата.

Каилаш СатиартиКаилаш Сатиарти

„Ова е огромна чест за сите Индијци, ова е чест за сите тие деца кои сè уште живеат во ропство и покрај сиот напредок во технологијата, пазарот и економијата. И им ја посветувам оваа награда на сите тие деца во светот“ – изјавил Каилаш за BBC.

Малала и Каилаш

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.