Почетна » Новости » Занимливости » 17 години подоцна: Реакцијата на девојка која чита писма од најблиските напишани кога полнела 1 година

17 години подоцна: Реакцијата на девојка која чита писма од најблиските напишани кога полнела 1 година

Девојка не може да си ги задржи солзите додека чита писма напишани од нејзините најблиски на денот кога таа полнела една година.

Имено, родителите на 18-годишната Аби сакале да направат нешто специјално за неа на нејзиниот прв роденден. Тие ги замолиле најблиските да напишат по едно писмо за ќерка им. Писмата биле ставени во кутија, која Аби требало да ја отвори 17 години подоцна, по нејзиниот 18. роденден.

Во видеата објавени од страна на мајката на Аби на Facebook, се прикажани моментите пред и по отворањето на писмата. Во второто видео, Аби не престанува да плаче додека чита едно од 25-те писма. Најдрагоценото нешто е што 7 од писмата се од личности кои повеќе не се на овој свет.

Видеа

Во описот на видеата стои текстот:

Писма од рајот. Оваа недела, Аби наполни 18 години. За нејзиниот прв роденден ги замоливме сите наши најблиски да ѝ напишат писмо за да биде ставено во временска капсула и отворено по 17 години. Тоа беше најскапоцениот подарок кој сме можеле да ѝ го дадеме. Од 25-те писма, 7 се од починати личности, вклучително од нејзиниот дедо Дог, нејзиниот вујко Џон, прадедо и прабаба и други.

Плачевме и се смеевме цела ноќ. Колку голем благослов е да имаш роденденска желба од секого. Временската капсула беше полна со одлични нешта за неа. Ако имате мало дете во вашиот живот, ве молам споделете ја оваа идеја. Беше неверојатно.

Откако многумина побараа од Сузи, мајката на Аби, да сподели повеќе од видеото, таа им одговори дека писмата ѝ припаѓаат само на Аби и дека дел од нив ги зачувала само за себе.

Аби со сестра си и родителитеАби со сестра си и родителите Аби

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.