Почетна » Новости » Животни стории » Љубовта е посилна од короната: Брачен пар од Италија ја прослави 50-годишнината држејќи се за раце на интензивна нега

Љубовта е посилна од короната: Брачен пар од Италија ја прослави 50-годишнината држејќи се за раце на интензивна нега

Љубовта е посилна од короната...

Пар од Италија, кој е болен од КОВИД-19 и се лекува на интензивна нега, ја одбележа 50-годишнината од бракот држејќи се за раце.

71-годишната Сандра и 73-годишниот Џанкарло ја „прославија“ златната годишнина со помош на медицинските лица кои се грижат за нив. Здравствените работници ги поставија нивните кревети еден до друг, за тие да можат да се држат за раце и да си ја дадат својата поддршка.

50-годишнина на Сандра и Џанкарло 50-годишнина на Сандра и Џанкарло

Медицинските лица им подарија мини колачи. На едниот колач беше поставена свеќичка со број 5, додека на другата 0.

„Сандра плачеше многу, не за себе, туку затоа што беше загрижена за сопругот“ – изјавила една од медицинските сестри. „Тој ми кажа колку многу ја сака и по толку многу години. Па кога дознав дека им е годишнина, ми дојде идејата да ја прославиме“ – додала таа.

50-годишнина на Сандра и Џанкарло

„Тоа беше неверојатен момент, прекрасен. Со тие минути ни се исплати цела жртва која ја направивме деновиве. Тој постојано повторуваше колку ја сака, сите ние плачевме. Во воздухот се чувствуваше љубовта по која трагаме цел живот. Родени за да бидат заедно“ – додаваат од медицинскиот персонал.

50-годишнина на Сандра и Џанкарло 50-годишнина на Сандра и Џанкарло

Според информации кои ги пренесуваат странските медиуми, Сандра и Џанкарло сега се во добра здравствена состојба и може заедно да бидат пуштени од болница.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.