Почетна » Новости » Занимливости » За 50-годишнината од бракот: Пар повторно ги облече венчаницата и костумот од свадбата во 1966 година

За 50-годишнината од бракот: Пар повторно ги облече венчаницата и костумот од свадбата во 1966 година

Маж и жена од Англија прославија за 50-годишнината од стапувањето во брак во истата облека која ја носеа на свадбата во 1966 година и мора да признаеме – одлично им стои и денес.

Карол Ан и Џим

Керол-Ен и Џим Стејнфилд заедно со својата внука Хејли трагале по нивниот свадбен албум, кога ги пронашле невестинскиот фустан и костумот во кои брачните партнери го изговориле судбоносното „Да“.

Хејли била љубопитна дали тие сè уште ќе можат да „влезат“ во старата облека, па ги замолила Керол-Ен и Џим да се обидат да ја облечат. Резултатот бил изненадување за сите. Свадбените аутфити и сега изгледаат како да се кроени за нив.

Карол Ан и Џим

Свадбата на 71-годишната Керол-Ен и 74-годишниот Џим била на 1 октомври во далечната 1966 година. Тие заедно имаат две деца и шест внуци и тврдат дека тајната за среќен и долг брак е смеата. „Ние имаме различни интереси и хобија, но смеата е тоа што нè прави силни“ – изјавиле среќните партнери.

Карол Ан и Џим Карол Ан и Џим

„Многу луѓе кои присуствуваа на прославата беа гости и на нашата свадба, па затоа беше многу специјално“ – додал парот.

Карол Ан и Џим

За оваа годишнина, на своите бурми тие додале по две срциња направени од злато кое Џим го имал пронајдено. Кога славеле 25 години од влегувањето во брачните води, Керол-Ен и Џим додале 25 дијаманти на прстените, а додека пак за 40-годишнината тие ставиле по 4 рубини.

Карол Ан и Џим

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.