Почетна » Новости » Животни стории » Љубовна приказна на маж кој ја запросил саканата по несреќа која целосно ѝ го деформирала лицето

Љубовна приказна на маж кој ја запросил саканата по несреќа која целосно ѝ го деформирала лицето

Приказна на Џај и Сунита ќе ви покаже што е вистинска љубов. Парот стапил во брак откако Сунита преживеала ужасна сообраќајна несреќа, која го деформирала нејзиното лице до непрепознатливост. Тоа ниту малку не ги променило чувствата на Џај кон неа.

Двајцата Индијци се запознале во средношколските клупи и станале неразделни пријатели. Уште од првиот момент Џај бил заљубен во Сунита, но никогаш не ѝ го признал тоа.

Крајот на средното училиште бил и крај на нивното пријателство зашто секој тргнал по својот пат. Но, две и пол години подоцна, Сунита се сетила на роденденот на својот пријател, му се јавила и нивното пријателството повторно се родило.

Еден ден, кога младата девојка се враќала дома по напорен ден, доживеала тешка сообраќајна несреќа. Нејзиното лице се влечело по асфалтот низ прозорецот од автомобилот, резултирајќи со огромни последици за нејзиниот изглед.

Кога дознал за несреќата, Џај отишол на болница, мислејќи дека повредите на неговата сакана се незабележителни. Но, кога влегол во собата, првото прашање коешто му се појавило во главата било: „Дали е ова Сунита?“

„Тој плачеше кога ме виде. Можев да му ги видам солзите како му се тркалаат по лицето и се чувствував ужасно поради него“ – вели Сунита.

Само неколку дена по несреќата, решителниот маж ја запросил Сунита, а денес имаат прекрасна ќерка заедно.

„Не ти треба причина за да сакаш некого. Ниту една причина не може да ја промени твојата љубов кон некого“ – е пораката на крајот од видеото.

Видео

ATMIA – the story of the pure love of Jai and Sunitha.

via - IndiSocialYou don’t need a reason to love someone. No reason can change your love for someone. ATMIA – the story of the pure love of Jai and Sunitha.

Posted by The Logical Indian on недела, 14 февруари 2016
Џај и Сунита Џај и Сунита Џај и Сунита Џај и Сунита

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20797 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.