Малиот Сухејб ја има најубавата причина за неизмерно да се радува. 5-годишното момче по 9 месеци хемотерапија, ја победи болеста и конечно си замина од Детската клиника во Скопје.
„Вака се скока од радост кога после 9 месеци си одиш дома здрав!“ – пишуваат од Детската клиника во описот на видеото.
„Јас сум здрав и сакам дома! Вака извика петгодишниот Сухејб кој после 9 месеци хемотерапија си заминува од Клиниката за детски болести. За овој херој денес аплаудиравме со директорката Аспазија Софијанова и целиот тим. Голем да растеш, Сухејб!“ – пишува министерот за здравство, Венко Филипче, кој беше сведок на моментот кога Сухејб заѕвони на ѕвончето за да ја прослави својата победа.
Вака се скока од радост кога после 9 месеци си одиш дома здрав ! *фотографиите се одобрени од родител
Posted by Detska Klinika on Wednesday, February 10, 2021