Почетна » Новости » Животни стории » ФОТО: Зачудувачка трансформација на тинејџерка која била исмејувана зашто била родена без вилица

ФОТО: Зачудувачка трансформација на тинејџерка која била исмејувана зашто била родена без вилица

Огромната трансформација на исмејувана тинејџерка од Тајланд ќе ве остави без зборови. Девојката била родена без вилица и имала екстремно искривени и деформирани заби, што ја правело мета на навредливи зборови од луѓето околу неа.

Поради физичкиот недостаток, 19-годишната Вијитпрапорн Пунбу (со прекар Фон) неконтролирано грчела во спиењето и не можела правилно да јаде, што ѝ создавало проблеми со дигестијата.

Вијитпрапорн ПунбуФон пред и по операцијата Вијитпрапорн Пунбу

Траумата од неможноста да има нормален живот ја натерала Фон да се пријави во корејското шоу „Let Me In“, каде натпреварувачите се борат за победа што им носи целосна трансформација на изгледот со помош на пластична операција. Жирито одлучува кој од стотиците кандидати ќе биде победник врз основа на нивната ментална и физичка состојба и на тоа како операцијата ќе им го подобри животот.

Фон ја имала честа да победи во шоуто, кое целосно ѝ го промени не само изгледот, туку и животот. Потребни биле три месеци за да се исправат нејзините заби и да ѝ се издолжи вилицата.

Вијитпрапорн Пунбу Вијитпрапорн Пунбу Вијитпрапорн Пунбу Вијитпрапорн Пунбу

„Пред да си ја направам операцијата имав тажен и осамен живот. Луѓето ме исмејуваа во текот на целиот мој живот и тоа болеше. Сега чувствувам дека конечно можам да излезам без да се чувствувам засрамено од сопствениот изглед.“

„Ми недостигаа сестра ми и мајка ми, но вредеше. На крајот, не постои личност која вели дека не сака да биде убава“ – вели Пунбу.

Вијитпрапорн Пунбу

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.