Потресни фотографии и видеа ни ги доловуваат кошмарните последици од руската инвазија на Украина.
Цел свет обединето ги осудува насилството и страдањата кои политиките на Путин ги предизвикуваат на украинско тло, но тоа ниту малку не им ја олеснува ситуацијата на оние кои чувствуваат на своја кожа што навистина е војна.
Родители принудени да се разделат од децата поради евакуација, предвреме родени бебиња сокриени во импровизирано засолниште, разрушени згради и мостови, згаснати животи, експлозии и пукотници... светот го обиколуваат сцени и слики од Украина и се множат пораките и протестите во знак на поддршка на народот.
Новороденчиња во засолниште
Бебиња од оддел за неонатална интензивна нега беа преместени во импровизирано засолниште на најдолното ниво на болница во Днипро, со цел да бидат заштитени од воздушните напади. Некои од новороденчињата се приклучени на кислородни боци додека персоналот се обидува да ги зачува во добро здравје.
Разделби
Трогателната разделба на татко и ќерка го расплака светот. Девојчето со солзи во очите не сака да се качи во автобусот за евакуација додека таткото останува да ја брани татковината.
Men aged 18-60 cannot leave the #Ukraine, they must stay behind and fight if called upon. Here’s a video of a dad saying goodbye to his daughter. He knows he may never see her again. These are the real stories. Human stories. The atrocities of war. pic.twitter.com/pdGpk7R7xm
— Dan Clark (@DanClarkSports) February 25, 2022
Украинци се засолнуваат во метроа
Hundreds of people, including many women and children are currently taking shelter inside a subway station in Kharkiv, #Ukraine as explosions are heard in the city. @washingtonpost pic.twitter.com/ZddeHqlMvU
— Salwan Georges (@salwangeorges) February 24, 2022
Рушевини, крв и страв
Протести во Русија
Илјадници Руси протестираа и покрај тоа што знаеја дека постои голем ризик да бидат уапсени. Над 1.700 лица беа уапсени само затоа што јавно го искажаа својот став против воената агресија.
People marching through central Moscow this evening chanting “No to War!” pic.twitter.com/BTQ3ZOGTan
— Matthew Luxmoore (@mjluxmoore) February 24, 2022