Почетна » Новости » Животни стории » Со мајчинската интуиција го спаси своето неродено бебе

Со мајчинската интуиција го спаси своето неродено бебе

Софија, Крис и Бела-МејСофија, Крис и Бела-Меј

Софија Тајлер денес може да го гушне своето бебе само затоа што пред шест месеци одбила да им поверува на докторите дека слатката Бела-Меј умрела во нејзината утроба.

22-годишната Британка била неутешна кога при преглед докторите ѝ соопштиле дека не можат да го слушнат чукањето на срцето на бебето. Тие без да се двоумат ѝ рекле да земе таблети за прекинување на бременоста.

Но, младата мајка која веќе имала 3 деца решила да не ги послуша докторите и им кажала дека сака да почека 8 дена за да направат втор преглед.

Британскиот весник The Sun ја објави приказната на Софија:

Тие ми рекоа: „Имаше спонтан абортус и твоето бебе почина“. Ми рекоа да се ослободам од бебето, но по раѓањето на три деца, јас добро знаев какво е чувството да си бремена.

Дури и се сеќавам дека Крис (нејзиниот сопруг) ми велеше „испиј ги таблетите“, затоа што им веруваше на докторите. Поради тоа започнав и по малку да го мразам.

На вториот преглед докторите успеале да го слушнат чукањето на срцето на Бела и да потврдат дека е жива.

Ја гледам и си мислам дека ако ги земев таблетите таа немаше да биде тука. Тие ќе ја убиеја за само 4 часа“ – изјавила Софија.

Откако се родила, Бела-Меј се борела за својот живот затоа што била родена предвремено. Подолго време била во инкубатор на интензивна нега, а била лекувана и од жолтица. Но, сега таа е дома заедно со своите родители.

Бела-Меј Бела-Меј во болница по раѓањето

„Таа е нашето мало чудо. Не можам да ја оставам, таа е скапоцена“ – признала нејзината мајка. „Сакав да ја викаме Лаки (Среќничка)! Сега таа е тука, тоа е прекрасно. Персоналот кој ја породуваше беше одличен. Но, ние сè уште сме бесни“ – изјавил таткото Крис.

Докторите се извиниле за направената грешка и уверувале дека човечките грешки од ваков тип се екстремно ретки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19767 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.