Почетна » Новости » Животни стории » Секоја чест: Жена му подари бубрег на најдобриот пријател, со емотивна фотосесија му соопшти дека е соодветен донор

Секоја чест: Жена му подари бубрег на најдобриот пријател, со емотивна фотосесија му соопшти дека е соодветен донор

Некои пријатели вреди да ги имаш во својот живот и се поскапоцени од дијаманти. Таква е Даниел Брајант, која без размислување му подари бубрег на најдобриот пријател и му го спаси животот.

Даниел Брајант Даниел Брајант

Даниел открила дека нејзиниот другар Ди Џеј се соочува со здравствен проблем уште пред осум години, но тогаш сè уште немало потреба од трансплантација. Сепак, таа уште тогаш решително му рекла: „Па, ако некогаш ти треба бубрег, јас имам два добри“.

Шест години подоцна, Даниел, која била омажена и имала едно дете, видела апел за Ди Џеј во кој се барал донор на бубрег. Таа, веднаш му се јавила и му соопштила дека таа ќе го направи тоа.

„Го познавав Ди Џеј во најголемиот дел од мојот живот и секојпат која ќе ми притребало НЕШТО, тој оставаше сè за да биде покрај мене. Од поправање на мојот автомобил, до носење до автомобилот кога претерав со пиење за 24-от роденден. Немаше шанси да дозволам некој друг да му даде бубрег ако можев јас да го направам тоа“ – објаснува Даниел.

Следувале испитувања кои покажале дека Даниел е совршен донор за Ди Џеј. На среќата ѝ немало крај.

Заедно со сопругата на Ди Џеј, таа организирала фотосесија и со помош на табла му ја соопштила прекрасната вест на својот сакан пријател.

Даниел Брајант Даниел Брајант Даниел Брајант

„Направивме лажна фотосесија за моето семејство со знак ‘Јас одговарам за донор’. Луѓе, добив можност да му го спасам животот на мојот најдобар пријател. Ди Џеј беше во шок кога дозна дека сум потенцијален донор. Мислам, колкави се шансите твојот најдобар пријател да може да ти донира бубрег и тоа да биде совршен донор во секој поглед?“ – вели таа.

Даниел Брајант

Трансплантацијата била успешна и во моментов, двајцата пријатели се во одлична здравствена состојба. Кратко време по операцијата, Ди Џеј му посака добредојде на своето трето дете. Неговата сопруга беше бремена за време на најтешкиот период во нивниот брак.

Даниел Брајант Даниел Брајант Даниел Брајант

Сега, Даниел го раскажува своето искуство за да ја подигне свеста кај луѓето за донирањето органи и вели дека е пресреќна со одлуката.

„Тоа беше едно од искуствата кои ми донесоа најголемо задоволство во целиот мој живот, и би го направила тоа повторно, милион пати. Што правите кога на најдобриот пријател му треба бубрег? Му давате еден од вашите. Подарете го вишокот“ – порачува таа.

Даниел Брајант Даниел Брајант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20822 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.