Почетна » Новости » Занимливости » 35 нешта за коишто треба да ѝ се заблагодарите на вашата најдобра пријателка

35 нешта за коишто треба да ѝ се заблагодарите на вашата најдобра пријателка

„Пријателите се семејството кое го избирате“ – Џес Скот.

Блогерката Лекси Херик состави листа со 35 нешта за коишто секоја жена треба да ѝ се заблагодари на најдобрата пријателка. Од заедничките луди танцувачки движења, разговорите доцна во ноќта, големите чаши вино и споделените тајни до бруталната искреност. Прочитајте ја листата на младата авторка Лекси:

Пријателки
  1. Ти благодарам што секогаш си таму за мене кога ќе ти се јавам, затоа што ми треба личност која само ќе ме ислуша. Без разлика каде сме низ светот или во нашите животи, знам дека ти секогаш ќе одговориш на мојот повик.
  2. Ти благодарам што секогаш си мојот најголем поддржувач.
  3. Ти благодарам што не ми судиш за моите лоши одлуки.
  4. Ти благодарам за разговорите во доцните вечерни часови.
  5. Ти благодарам што ја паметиш секоја наша интерна шега која некогаш сме ја создале.
  6. Ти благодарам за долгите возења и авионските патувања на кои си тргнала само за да поминеш време со мене.
  7. Ти благодарам што си брутално искрена со мене кога се посрамотувам себеси.
  8. Ти благодарам што ги почитуваш моите ставови и вредности, дури и кога не се согласуваш со нив.
  9. Ти благодарам што го сакаш моето семејство исто како што го сакаш твоето.
  10. Ти благодарам што ме направи дел од твоето семејство.
  11. Ти благодарам што налеваш големи чаши вино.
  12. Ти благодарам што си доволно смела да ме пуштиш во твојот свет и да бидеш ранлива пред мене.
  13. Ти благодарам што ги водиш сите животни битки покрај мене.
  14. Ти благодарам што ги славиш сите возбудливи моменти од мојот живот со мене. Не можам да си замислам да те нема покрај мене на мојата свадба или да не си покрај мене кога ќе држам мало суштество во моите раце кое магично сум го создала.
  15. Ти благодарам за изедени пици со мене доцна во ноќта.
  16. Ти благодарам што ми опростуваш секогаш кога нема да бидам најдобрата пријателка на целиот свет.
  17. Ти благодарам за сè што ме научи.
  18. Ти благодарам што секогаш правиш да чувствувам дека се важни будалестите приказни за тоа како ми поминал денот.
  19. Ти благодарам што беше покрај мене низ сите врски со момчиња кои погрешно ги ставав пред тебе во моменти на слабост.
  20. Ти благодарам за сите топли пораки кои ми ги имаш испратено за да ме охрабриш кога животот е навистина гаден.
  21. Ти благодарам за секој блесав, сентиментален божиќен и роденденски подарок за кој знаеше дека јас апсолутно ќе го обожавам.
  22. Ти благодарам за моментите на тишина кои ги споделуваме кога не е неопходно да се изговорат зборови.
  23. Ти благодарам што си најдобриот љубовен посредник што некоја девојка може да го посака.
  24. Ти благодарам што секогаш си расположена да се разиграш со мене.
  25. Ти благодарам што ме браниш.
  26. Ти благодарам што ме потсетуваш да бидам она што сум.
  27. Ти благодарам што продолжуваш да бидеш она што си, бидејќи си неверојатна.
  28. Ти благодарам што секогаш ги слушаш моите долги приказни како да ги немаш веќе слушнато милион пати претходно.
  29. Ти благодарам што секогаш наоѓаш време за мене, независно колку си далеку.
  30. Ти благодарам што си силна кога јас сум слаба.
  31. Ти благодарам што ми пишуваш и што си во тек со случувањата во мојот живот повеќе одошто моите партнери.
  32. Ти благодарам што си мојата најважна партнерка.
  33. Ти благодарам што го споделуваш твојот плакар со мене.
  34. Ти благодарам што ги споделуваш твоите тајни со мене.
  35. Ти благодарам што го споделуваш животот со мене.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.