Почетна » Новости » Животни стории » „Раку, не те чекам да се вратиш“: Србинка која го победи ракот со моќно писмо до болеста

„Раку, не те чекам да се вратиш“: Србинка која го победи ракот со моќно писмо до болеста

Настасја Недимовиќ е инспиративна мајка која го победи ракот дијагностициран во бременоста и сега охрабрува други луѓе да не се откажуваат во нивната битка.

Преку својот Instagram профил, позитивната Србинка ги советува луѓето како да живеат поздрав начин на живот и да го избегнуваат стресот. Честопати, таа објавува фотографии „пред и потоа“ од времето кога се бореше со болеста и од денес кога е силна и здрава.

Меѓу нејзините последни објави е писмото кое му го напиша на болеста за да ѝ порача никогаш да не се враќа.

Раку, ти го пишувам последното писмо и сакам да знаеш... НЕ ТЕ ЧЕКАМ ДА СЕ ВРАТИШ!

Сакам да знаеш дека...

Имам уште нешта за да слушнам. Да видам. Да доживеам. Да допрам и да осетам.

Има кој уште да ме насмее, да ме скрие во прегратка и да ме бакне.

Имам уште места за посетување. Луѓе за запознавање.

Имам уште кого да го научам, заштитам, усреќам и испратам на прав пат.

А на крајот на тој пат, кога ќе се свртам, преку рамено ќе го видам својот ЖИВОТ ИСПИШАН СО ГОЛЕМИ БУКВИ!

Настасја има две деца и сопруг и вели дека тие заслужуваат да се бори за нив.

„Зошто и понатаму се бориш кога знаеш дека е неизлечиво?“ – еднаш ми го упатија ова прашање...

Оваа слика е мојот одговор. Единствен, прав, точен одговор.

Дали тие заслужуваат мајка која ќе се откаже?
Дали тој заслужува жена која ќе каже: „Не можам повеќе“?
Која ќе препушти и дозволи нештата сами да се случат?

Заслужуваат мајка воин, која високо ќе го крене својот тежок штит и ќе ги одбие ударите на животот. Заслужуваат да видат борбеност во моите очи. Во моите постапки.

Животот понекогаш е борба во која играш со поделените карти. Се снаоѓаш и се прилагодуваш на новонастанатата ситуација.

На тоа, деца мои, секогаш ќе ве учам.
Зашто волјата за живот, секогаш победува.

Настасја имаше рак на коските, кој ѝ беше дијагностициран во бременоста на 27-годишна возраст.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.