Позитивните вести се повеќе од добредојдени деновиве, а организацијата „САНО“ ни подари прекрасна вест благодарение на малата Мила.
Борбената хероина го заврши лекувањето на Детската клиника во Скопје со победничко ѕвонење на ѕвончето додека медицинските лица силно ѝ аплаудираа.
„Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија ѝ велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечиња. Денес клоцна една голема грижа, така и треба“ – стои во описот на видеото кое поттикнува убави чувства.
Видео
Пред 10 дена, со симболично ѕвонење лекувањето го заврши и малата Румеса.
Од „САНО“, со моќна објава нè потсетија да седиме дома и да не се жалиме што сме во карантин.
„Ве молам помислете на семејства кои се борат со педијатриски карцином, тогаш кога ќе слушнете дека некој се жали од КОВИД-19 и домашна изолација!“ – споделија тие заедно со фотографија од болно девојче.