Почетна » Новости » Занимливости » Ѕвездено небо за дечињата болни од рак: Распеани лица им ја разубавија вечерта на малите пациенти на Онкологија

Ѕвездено небо за дечињата болни од рак: Распеани лица им ја разубавија вечерта на малите пациенти на Онкологија

Распеани лица се собраа под прозорците на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје и направија ѕвездено небо за да ги расположат малите пациенти кои се борат со рак.

Волонтери од здружението САНО, родители на деца што го победиле ракот и други граѓани кои сакаат да развеселуваат детски срца во саботата ја пееја „За овој свет“ од Тоше Проески и светеа со телефоните додека малите деца ги следеа од балконот на хемато-онколошкото одделение.

„Да им кажеме да не се плашат, да стегнат заби и да победат, а ние ќе бидеме таму да им покажеме дека не се сами. Ние сме тука за нив“ – напишаа од САНО за целта на нивната иницијатива.

САНО САНО САНО САНО САНО САНО

Видеата и фотографиите беа објавени од САНО.

Видео

Видеото од САНО можете да го погледнете тука.

.

Септември е месец за подигнување на свеста за ракот кај децата, а настанот е дел од кампањата „Златен септември“. Вакво ѕвездено небо за малите пациенти ќе се прави секоја сабота од овој месец, а секој кој има желба, слободно може да се вклучи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19755 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.