Моментот кога мало бебенце беше спасено од одвод во Индија распламти дискусии и поттикна многу прашања за нечовечната постапка.
Видеото го следи спасувањето на новороденче чија папочна врвка му е замотана околу вратот.
Локален млекар ја известил Индијката Гита од Ченаи дека чул придушен плач. Таа веднаш решила да го следи звукот кој ја одвел до одводот. Без двоумење го извлекла бебето од цевката, ја одмотала папочната врвца и го измила со чиста вода.
Видео
A just-born baby was rescued from a stormwater drainage in #Chennai on Independence Day. He was christened 'Suthanthiram'(meaning Freedom). @TheQuint pic.twitter.com/W4VzVnENzx
— Smitha T K (@smitha_tk) August 16, 2018
„Болеше да се гледа бебе фрлено на тој начин. Изгледаше како личноста која го напуштила намерно да го турнала толку длабоко внатре за да не се гледа. Мислам дека таа личност немала чувства, затоа што папочната врвка изгледаше како да му е намотана околу вратот за бавно да го убие.“
„За мене, спасувањето на бебето беше најважно. Не се грижев за ништо друго во тој момент. Врнеше дожд цела ноќ. Ако врнеше така и утрово, бебето ќе беше одвлечено од водата“ – изјавила Гита.
Бебето било пренесено во болница и прегледано од доктори кои утврдиле дека е во стабилна состојба.
Гита му го даде на бебето името Suthanthiram, кое значи слобода, затоа што било пронајдено на Денот на независноста.
Geetha rescued a just-born baby from a stormwater drainage in #Chennai. Geetha was absolutely overwhelmed to see the baby kicking and crying, and named him 'Suthanthiram'(Freedom) as he was born on #IndependenceDay .@TheQuint pic.twitter.com/B7QbPfwSeR
— Smitha T K (@smitha_tk) August 16, 2018