Некои лица уште од мали нозе ги водат најтешките борби во животот.
Нашата хероина Румеса извојува победа над леукемијата, а по добивањето на пресреќната вест, заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје.
„Во ова време кога сите стравуваме за своето и здравјето на децата, на нашите најблиски, не е се така неизвесно и лошо. Денес се радуваме на една прекрасна херојка, има супер вест!“
„Нашата пациентка Румеса, здрава ја праќаме дома! Таа ја победи леукемијата и срамежливо заѕвони на нашето ѕвонче!“
„Драга наша Румеса, нема веќе боцкања и страв, само напред!“ – стои во описот на фотографиите објавени од Детската клиника.
