Од Клиниката за детски болести во Скопје објавија уште една среќна вест. Малиот Теофан го победи ракот, а пред да ја напушти болницата, радосно заѕвони на ѕвончето.
„Да, и нашиот Теофан си оди дома! Најголемиот смешко, детето со две шарени чорапчиња, многу балони и уште поголемо Браво, денес чукаше на ѕвончето за чао! Теофан победи!“
„Уште едно дете успешно излекувано од малигна болест на Клиниката за детски болести во Скопје“ – стои во описот на видеото.
Да, и нашиот Теофан си оди дома ! Најголемиот смешко, детето со две шарени чорапчиња, многу балони и уште поголемо...
Posted by Detska Klinika on Tuesday, August 18, 2020