Почетна » Новости » Животни стории » Моментот кога сијамски близначиња се гледаат за првпат откако беа раздвоени

Моментот кога сијамски близначиња се гледаат за првпат откако беа раздвоени

Цели 13 месеци Анијас и Џејдон Мекдоналд беа неразделни, но никогаш се немаа видено еден со друг – лице в лице.

Двете дечиња беа сијамски близнаци поврзани на темето на главите, пред минатиот месец да минат низ успешна операција за раздвојување.

Фотографијата од моментот кога двете братчиња за првпат ќе се погледнат растопува срца низ светот.

Близначиња

„Ова е најневеројатното нешто. Не можам да поверувам“ – изјавила мајката Никол Мекдоналд.

Комплицираната операција за раздвојување на близначињата траела 27 часа. Добрата вест е што тие закрепнуваат со рекордна брзина. Според CNN, момчињата деновиве ќе бидат префрлени на рехабилитација, шест недели по раздвојувањето. „Историски, ова ќе биде најбрзото закрепнување“ – изјавил главниот хирург д-р Џејмс Гудрич.

Близначиња Близначиња

За време на рехабилитацијата, дечињата ќе научат да лазат и да ги подигаат главите, едноставни работи кои досега немаа можност да ги прават.

Близначиња Близначиња Близначиња

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.