Почетна » Новости » Животни стории » Млад пар кој згрижува деца и посвои 2 момчиња порачува: Згрижувањето не е лесно, но е највредното нешто што ќе го направите

Млад пар кој згрижува деца и посвои 2 момчиња порачува: Згрижувањето не е лесно, но е највредното нешто што ќе го направите

Млад пар, кој досега има згрижено 14 и посвоено 2 деца, го споделува своето искуство за да пренесе порака дека згрижувањето деца вреди.

Згрижувачко семејство Згрижувачко семејство

Сара имала само 23 години кога со сопругот Стјуард започнале да згрижуваат деца. Нивна мисија е да им помогнат на семејствата од нивната заедница кои минуваат низ тешки периоди и на децата кои поради негрижа од родители завршуваат во социјалните служби.

Сара и Стјуарт го посвоиле својот прв син Мајкл кога тој имал 3 години. Бидејќи Сара била многу млада, тие биле категорични дека нема да згрижуваат поголеми деца и тинејџери. Но, судбината имала различен план.

Згрижувачко семејство Згрижувачко семејство

Имав 19 години кога го запознав мојот сопруг Стјуард. Поминаа само 15 минути од нашиот прв состанок кога ме праша што сакам да правам во животот: Која е професијата од моите соништа? Дали сакам деца? Каде сакам да патувам? Му кажав дека не знам што точно сакам да правам, но со сигурност знаев дека ако некогаш во животот имам деца, тоа ќе биде затоа што сум ги згрижила.

Имав само 23 години и идејата да згрижувам постари деца и тинејџери ми изгледаше незамислива. Веднаш штом се запишавме на листата, ни се јавија да нè прашаат дали ќе згрижиме бебе на една недела. Помина одлично и ни се допадна. Веднаш потоа ни се јавија да нè прашаат дали ќе згрижиме слатко 3-годишно момче на еден викенд. Се согласивме. Тој викенд се претвори во една недела. Една недела во месеци. Тие месеци во години. Тоа мало момче е нашиот син Мајкл.

На првата средба на Мајкл со неговиот брат-тинејџер, Сара и Стјуарт сфатиле дека двата браќа мора да растат заедно, бидејќи поврзаноста меѓу нив била огромна.

Неколку месеци по доаѓањето на Мајкл кај нас, се согласивме на посета од неговиот брат. Тогаш за првпат го запознавме Дејшон. Во моментот кога Мајкл го здогледа својот брат, тој дотрча со сета своја сила и му скокна в раце. Тогаш се погледнавме со Стјуарт и навистина разбравме колку е важно Мајкл и Дејшон да бидат заедно. Сè уште се колебавме дали да земеме поголемо дете. Меѓу мене и Дејшон имаше само 13 години разлика во возраст. Но, во секундата кога започнав да разговарам со него, сите мои стравови исчезнаа.

Дејшон ги руши сите стереотипи за тинејџерите кои се згрижувани. Тој е најсочувствителната и најемпатичната личност што сум ја сретнала. Тој е многу дружељубив и си има поставено мисија да прави децата што доаѓаат кај нас да се чувствуваат добредојдено. Многу се труди на училиште и е полн со хумор. Природно ми е да му бидам мајка. Тој не ни забележува дека сум толку млада (или не му е гајле). За него сум само мама. Беше многу возбуден на денот на посвојувањето.

Згрижувачко семејство Згрижувачко семејство Згрижувачко семејство Згрижувачко семејство

Во свој текст, Сар објасни дека згрижувањето е најубавото нешто што некогаш го направила. Иако ѝ е тешко кога некое од децата ќе си замине од нивниот дом, таа е пресреќна што тоа се обединува повторно со неговата мајка.

Станавме згрижувачки родители бидејќи сакавме да им помогнеме на семејствата во нашата заедница. Посвојувањето не беше наша примарна цел, но бевме подготвени да го прифатиме кога би имале прилика. Се залагаме за повторно обединување на семејствата. Најдобриот дел од згрижувањето е кога гледам како родителите се трудат ужасно напорно за да си ги вратат децата. Привилегија е да се биде покрај овие родители низ нивното патување и да им се дава поддршка на секој можен начин. Досега сме згрижиле 14 деца, некои подолго, некои пократко. Луѓето ми велат: „Никогаш не би можел да згрижувам деца. Премногу ќе се приврзам и ќе ме боли кога ќе си одат дома.“ Да, тешко е. Плачам секојпат кога ќе си оди некое дете. Но, обединувањето на детето со семејството може да биде прекрасно.

Згрижувањето никако не е лесно, но ви гарантирам дека ќе биде највредното нешто што некогаш ќе го направите.

Постои изрека „Подобро е да љубиш и да изгубиш одошто никогаш да не си љубел“, која ми е многу драга. Имав привилегија да се заљубувам повторно и повторно и повторно (14 пати да бидам поточна). Кај згрижувањето подемите се превисоки, а падовите прениски. Никогаш не е здодевно. Го обожавам овој живот. Обожавам да сум мајка. Обожавам да се грижам за децата во нашата заедница, без разлика дали е само за една ноќ или за цел живот. Обожавам што можам да им пружам поддршка на семејствата и плачам од среќа секојпат кога некоја мајка ќе си го врати своето дете. Не можам да си замислам да не го живеам овој живот.

Најемотивната фотографија за Сара досега е од денот на посвојувањето на вториот син. На неа е прикажан моментот кога тој ја прекинал судијката за да раскаже зошто сака да биде посвоен токму од нив.

Ако некој ми кажеше пред 5 години дека на 26 години ќе посвојам тинејџер, ќе си помислев дека е луд. Сега не можам да си замислам ништо поразлично од тоа. Го споделувам ова за оние кои сакаат да згрижуваат, да не ги отфрлаат постарите деца и тинејџерите. Не е лесно, но, многу вреди.

View this post on Instagram

This picture was taken the second Dayshawn felt compelled to interrupt the judge to tell her why exactly he wanted to be adopted by us. This was hands down the most emotional moment of my entire life. - If someone told me 5 years ago I would be 26 and adopting a teenager, I would have thought they were crazy. Now I can’t imagine it any other way. I’m sharing this in hopes that anyone who is considering fostering doesn’t rule out older kids & teens. It’s not always easy, but it is so, so worth it. . . . #uglycry #adoptingteens #adoptionday #foreverfamily #adoption #bellingham #pnw #washington #raisingboys #teenadoption #togetherwerise #transracialadoption #openadoption #blackboyjoy #fosterlove #fostercare #fostertoadopt #adoptionislove #lovemakesafamily #adoptionrocks #fostertoforever #finally

A post shared by Sara (@cozyd) on

Видео од посвојувањето на Дејшон:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20834 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.