Почетна » Новости » Занимливости » 12-годишно девојче со големо срце им помага на деца во згрижувачки семејства

12-годишно девојче со големо срце им помага на деца во згрижувачки семејства

Амелија Лисове е доказ дека ако нешто се сака, секогаш има начин за да се направи.

Амелија имала 7 години кога сакала да волонтира и да го направи светот поубаво место за живот. Но, сите организации во кои се обидела да влезе ја одбиле, со објаснување дека е премногу мала за да биде волонтер.

За среќа, Амелија не дозволила ова да ја обесхрабри и во 2018 година основала своја непрофитна организација преку која им го „осветлува“ животот на згрижувани деца. Оттогаш, таа има подарено 15.000 ноќни сијалички за деца од сите држави во САД кои се во згрижувачкиот систем.

Амелија Лисове Амелија Лисове Амелија Лисове

Девојката со големо срце, која сега има 12 години, верува дека на тој начин им помага тие да се чувствуваат побезбедно.

„Децата во згрижувачкиот систем понекогаш мораат да заминат среде ноќ без да понесат ништо со себе. Сакав да им помогнам помалку да се плашат и да се чувствуваат безбедно“ – рекла таа.

Амелија порасна со мајка која ја охрабрува да волонтира, бидејќи и самата го прави тоа. Таа ја советува да пронајде нешто во што е добра и да го искористи за да го направи светот подобар.

Амелија Лисове Амелија Лисове

„Се гордеам со неа. Таа е вклучена во секоја одлука што ја носиме секојпат кога треба да потрошиме пари или кога треба да одлучиме дали нешто е добра идеја“ – рекла мајка ѝ.

Амелија исто така волонтира во дом за стари лица и локална банка за храна.

Амелија Лисове Амелија Лисове

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.