Меланија Трамп била подложена на операција на бубрезите и се очекува целосно да закрепне.
Според соопштението за јавноста, првата дама на САД ќе остане една недела во болница.
„Утрово, на првата дама Меланија Трамп ѝ беше направена емболизација за третирање на бенигна состојба на бубрезите. Процедурата беше успешна и немаше компликации. Г-ѓа Трамп веројатно ќе остане во Националниот воен медицински центар Волтер Рид до крајот на неделава. Првата дама едвај чека целосно да закрепне за да може да ја продолжи нејзината работа фокусирана на децата насекаде“ – се вели во соопштението.
Доналд Трамп бил во Белата куќа за време на операцијата и се очекува наскоро да ја посети својата сопруга.