Почетна » Новости » Животни стории » Мајка упати емотивна молба до другите родители откако ќерка ѝ се роди мртва

Мајка упати емотивна молба до другите родители откако ќерка ѝ се роди мртва

Мајка сподели моќна порака за родителите откако нејзината ќерка почина пред породувањето. Виралниот текст на Натали Морган е споделуван стотици илјади пати на Facebook заедно со фотографии на кои таа го прегрнува безживотното тело на својата малечка.

29-годишната мајка со скршено срце раскажува како ја изгубила својата ќерка и апелира родителите да го ценат секој мал момент кој го поминуваат со своите деца и непрекинато да се чувствуваат како среќници во животот.

Морган го изгубила своето второ дете додека спиела. Таа била бремена 40 недели и 6 дена.

Натали Морган

Ќе има периоди кога вашето дете ќе вреска и плаче секојпат кога ќе се обидете да го легнете. Или ќе продолжи да плаче и покрај тоа што го држите в раце и сте направиле сè што е во ваша моќ за да го смирите. Ќе има непреспани ноќи, многу променети пелени за само неколку минути, повраќаници во вашата коса, мочки на вашата маица и какушки на вашите раце. И повторно – многу врескање од вашето бебе, а најверојатно и од вас исто така. Секојпат кога ќе се случи тоа, секојпат кога ќе се чувствувате фрустрирани и ќе ви доаѓа да избегате, ве молам потсетете се на мојата приказна:

Мојата слатка, слатка Еленор Џозефин се роди заспана на 11 септември. Кога си легнував на вечерта на 10 септември, таа клоцаше. Се разбудив и не мрдаше. Не можев да ѝ го слушнам срцето на доплерот. Знаев. Едноставно знаев. Не сакав да знам... посакував да грешам, но знаев.

Веднаш се упативме кон одделот за породување, молејќи се непрекинато по патот. Ме проверија со доплер – ништо. Пред да ме проверат со ултразвук, проверија дали има срцево отчукување – ништо. Срцето ми се стегаше брзо и помислував: „Не е можно ова да се случува... ова е само сон... не е можно ова да се случува...“ Ќе пронајдат нешто на ултразвук. Но, овие беа слаби надежи, бидејќи знаев. Можев да забележам дека и докторите знаеја, но никој не кажа ништо сè додека не дојде Брајан...

Најпосле, една докторка, не ѝ го помнам името рече: „Жалам... нема ништо“. Сè уште ми се враќа тој момент. Тоа е парализирачко чувство на потполно гушење кое те обзема и спомен што ќе ме прогонува до крајот на животот. Во тој момент се чувствував заробена, како покривот буквално да се срушил врз мене. Не можев да дишам, збеснав, врескав, фрлав работи, повратив... и тогаш дел од мене умре заедно со неа. Бев беспомошна и не можев да променам ништо. Моето тело требаше да ја чува безбедна, а тоа ја уби. Бев бремена 40 недели и 6 дена.

Неколку часа подоцна имав индуцирано породување. Ми понудија епидурална, но не можев да ја прифатам. Ми требаа болката, агонијата и страдањето за да го отсликуваат она што беше во моето срце. Тоа беше најтешкото нешто кое сум го направила. Кога било досега. Справувањето со неподносливите контракции, распукувањето... сето тоа беше залудно. Раѓав безживотно дете. На крајот немаше среќа за да ми помогне да заборавам на болката. Болката, која за разлика од моето девојче, ќе живее засекогаш.

И конечно, по пеколните часови на породување, ми ја ставија на градите – прекрасна, но безживотна. Немаше никаква причина да го очекувам првиот плач од неа. Наместо таа, јас липав. Низ солзи ја молев да се разбуди: Те молам разбуди се мало девојче... те молам, разбуди се. Зошто не заплачеш за мама? Те молам, те молам, те молам, разбуди се.

Беше прекрасна. Беше совршена во секој поглед. Толку многу ја сакам. Не можам ни да ја опишам болката која ја чувствував и сè уште ја чувствувам. Имавме 6 часа за да поминеме со неа. Направивме стотици фотографии, ја избањавме, ѝ ја исчешлавме косата, ја држевме, ја бакнувавме и ѝ кажавме колку многу ја сакаме. Ѝ се извинував одново и одново што ја изневерив...

Ви го раскажав сето тоа за да ви го кажам следново: мојата утроба, моето срце и моите раце се празни. Меѓу вас ќе има многумина коишто ќе имаат бебиња кои ќе плачат секогаш кога ќе се обидете да ги спуштите. Или ќе плачат без причина дури и ако ги држите в раце, и дури и ако сте ги нахраниле, сте ги кренале да ждригнат, сте ги преслекле... сте направиле сè. Неизбежно и вие ќе плачете исто така, бидејќи ќе се чувствувате беспомошно, фрустрирано и нема да знаете што да правите, па ќе ви доаѓа да вреснете „Зошто не престанеш да плачеш?!“ Ќе бидете исцрпени и лути, ќе ви дојде преку глава и ќе посакувате само малку време за себе за да можете да се наспиете, да се истуширате или да јадете нешто. Знам, бидејќи сум поминала низ тоа со мојот син. Но, никогаш нема да се повтори тоа со мојата ќерка. И би дала сè за да страдам со неа, со мојата драга Еленор, како што само мајка (или татко) страда во тие темни моменти од родителството.

Но, ве молам запомнете, додека вие сте будни во 3 наутро зашто имате бебе во рацете кое ве држи разбудени, јас сум разбудена затоа што го немам. И би дала сè на светот за да имам бебе кое повраќа на мене, кое плаче деноноќно, кое вреска и не ми дозволува да го легнам, кое ми ги распукува брадавиците од доење, кое ме држи будна цела вечер...

Сè што барам од вас е кога ќе имате тешки моменти со вашето бебе, кога нема да знаете како да постапите, кога ќе помислувате дека не можете повеќе и кога ќе спиете по 1-2 часа, наместо да го молите вашето дете да заспие и да дозволите да ве надвладеат фрустрациите и заморот, пронајдете ја и најмалата сила во вас за да продолжите и кажете молитва за благодарност за вашето дете, колку и да ви е тешко во моментот. И ако сакате, помолете се и за мене и за сите мајки чии деца им биле прерано одземени. Помолете се за мојата слатка, слатка Елеонор, која никогаш не го запозна животот надвор од мојата утроба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.