Почетна » Новости » Животни стории » Мајка ги сними последните моменти со синчето заедно со порака за него пред да го даде на посвојување

Мајка ги сними последните моменти со синчето заедно со порака за него пред да го даде на посвојување

Животот понекогаш нè исправува пред големи предизвици како родители и нè тера да носиме одлуки кои се најдобри за нашите деца, а не за нас самите.

Пред таква одлука била исправена Хана Монџи кога открила дека е бремена. Таа имала само 18 години и била во врска со момчето само неколку месеци. Иако и двајцата ја разгледувале опцијата да го дадат нивното бебенце на посвојување, конечната одлука ја донела Хана кога нејзиниот сакан Кејден починал ненадејно додека таа била во 12. недела од бременоста.

Поттикната од желбата да го направи најдоброто за свето дете, младата девојка пронашла совршен пар за посвојување – Бред и Емили Марш, кои прифатиле таа да биде дел од животот на нејзиното дете и по посвојувањето.

По породувањето, новата мајка поминала 48 часа со бебето Тагарт и сними емотивно видео со порака за него.

Хана Монџи Хана Монџи Хана Монџи Хана Монџи Хана Монџи Хана Монџи

Видео

„Го направив ова видео за да знаеш колку многу те сакам. Сакав да ти кажам зошто ја донесов одлуката да те дадам на твоето семејство. Боже, толку си сладок, го отежнуваш ова“ – вели таа во видеото, во кое продолжува да му раскажува на малиот Таг за неговиот татко Кејден и колку многу тој сакал да има син.

„Два дена откако ти го слушна срцето, неговото срце застана. Не можев да размислувам. Од денот кога твојот Тато почина, ми беше тешко да помислам да те дадам на друго семејство кога ми беше последното парче од Кејден. Но, еден ден се разбудив и едноставно знаев дека треба да бидеш со некој друг.“

Хана Монџи Хана Монџи

„Започнав да пребарувам семејство кое ќе те посвои. И ги пронајдов твоите родители Бред и Емили Марш и се заљубив во нив, тие беа повеќе од она што можев да го побарам. А имам високи стандарди за секој кој ќе го расте моето дете. Ги запознав и се заљубив во нив. По две недели, им кажав дека сакам тие да те посвојат. Со текот на времето, со мајка ти Емили многу се зближивме и сега таа е ми е една од најдобрите пријателки.“

„Цела бременост ги чекав само овие два дена кои можам да ги поминам со тебе. Сега сум во последниот час од тие два дена пред да те предадам на некој друг, на Бред и Емили и потоа ќе бидеш нивното мало момче. Само сакам да знаеш дека јас навистина, навистина те сакам премногу, повеќе отколку што сум сакала кое било друго човечко суштество на светот и дека ја донесов оваа одлука чисто од љубов, бидејќи знаев дека не можам да ти го дадам она што ти е потребно.“

„Многу сум возбудена за твојата мајка Емили, бидејќи ќе има шанса да те сака и да те израсне. Таа ќе биде најдобрата мајка на целиот свет. Таа веќе е најдобрата личност што ја познавам, а ја познавам само неколку месеци. Но, ти ќе ја познаваш цел живот и ќе ја обожаваш, а таа лудо ќе се вљуби во тебе во секундата кога ќе те погледне“ – се дел од зборовите на Хана.

Хана Монџи Хана Монџи

Откако видеото од нејзината порака стана хит на интернет, Хана изјавила дека не го објавила за луѓето да ја сожалуваат, туку за да покаже колку многу им е тешко на биолошките мајки кои ги даваат своите бебиња на посвојување.

„Не барам сожалување. Се надевам дека луѓето сфаќаат дека секоја биолошка мајка може да се пронајде во ова на некаков начин и дека луѓето ќе видат што всушност прават биолошките мајки за нивните деца“ – рекла таа.

Хана е пресреќна што семејството кое го посвои малиот Таг ја прифати толку добро. Таа може да го посетува својот син кога и да посака и тврди дека во ниту еден момент не зажалила за одлуката.

Хана Монџи Хана Монџи Хана Монџи Хана Монџи Хана Монџи Хана Монџи Хана Монџи Хана Монџи

Емили и Бред досега имаат посвоено три момчиња и со сите мајки одржуваат контакт и им дозволуваат да бидат дел од животот на нивните деца.

Хана Монџи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.