Скромна желба на мало девојче предизвика лавина од љубов од целиот свет. Сефајр Тери во изминатиов период има изгубено многу, но за Божиќ посака малку – честитки за својата елка. Илјадници лица се обединија од идејата да ѝ ја исполнат желбата.
Пред две и пол години некој подметнал пожар во куќата на семејството Тери. Огнените јазици им ги одзеле животите на таткото, братот и двете мали сестри на Сефајр. Пожарникарите го пронашле малото девојче во рацете на таткото, кој херојски со своето тело се обидел да го заштити. Таа родителска постапка ѝ го спасила животот на Сефајр, која имала страшни изгореници на 75% од телото.
Досега Сефајр била подложена на над 50 операции, а ги изгубила и десната рака и левото стапало. И покрај сите мрачни моменти, таа продолжува да трча на нејзиниот долг пат на закрепнување.
„Таа се буди секое утро со насмевка на лицето. Таа е вистинска дефиниција за надеж, верба и љубов“ – изјавила Лиз Долдер, тетката со која сега живее Сефајр.
Божиќната желба на храброто девојче стана реалност. Илјадници добродушни лица од целиот свет непрекинато испраќаат честитки и подароци до нејзиниот дом, а многумина донираа и парични средства за покривање на медицинските трошоци.
Денес беше објавено и видео од Сефајр во кое таа им се заблагодари на сите кои издвоиле време за да ѝ ја исполнат празничната желба.
MANY MANY THANKS TO ALL OF YOU
Posted by Safyre Schenectady's Super Survivor on Wednesday, December 9, 2015